Barış Gündoğan
13 Ноември 2020•Ажурирај: 14 Ноември 2020
АНКАРА
Турските сили неутрализираа 14 терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ во зоната каде беше реализирана операцијата „Извор на мирот“ во Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение на социјалната мрежа Твитер ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се истакнува дека нема да се дозволи терористичката организација ПКК/ЈПГ да го наруши спокојот и безбедноста во зоната каде беше реализирана операцијата „Извор на мирот.
Во соопштението се нагласува дека командосите кои ги преземаат сите мерки во ова подрачје, спречиле уште еден обид за инфилтрирање, неутрализирајќи 14 терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ.
д 2016 година досега Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката организација ПКК.