Kübra Chohan
30 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
АНКАРА (АА) -Турските и американските сили денес ја извршија нивната 22. рунда на патролирање во северниот сириски град Мунбич, како дел од Договорот со САД за ослободување на областа од терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пораката објавена на официјалниот профил на социјалната мрежа Твитер, турскиот Генералштаб соопшти дека силите на двете земји спровеле одвоени координирани патроли во областа меѓу регионот на операцијата „Штитот на Еуфрат“ и Мунбич.
Првите патроли на турските и американските трупи во регионот започнаа на 18 јуни.
Договорот помеѓу Турција и САД за Мунбич предвидува воспоставување безбедност со повлекување на ЈПГ, сириски огранок на терористичката организација ПКК, од регионот.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и Европската Унија (ЕУ), а е одговорна за смртта на речиси 40.000 лица во изминатите три децении од терористичката кампања против Турција.
Доколку Договорот со САД во Мунбич се покаже како успешен, овој модел може да се примени и во другите градови во североисточна Сирија, кои под окупација ги држат терористите на ЈПГ/ПКК.