Ekip,Mohamad Misto,Selen Temizer
24 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
АСТАНА/АНКАРА (АА) – Состанокот на темата Сирија, кој се одржа во главниот град на Казахстан, Астана, заврши со читањето на заедничката изјава од страна на министерот за надворешни разботи на државата-домаќин, Кајрат Абдрахманов, јавува Anadolu Agency (AA).
Абдрахманов изјави дека Турција, Русија и Иран одлучиле да формираат заеднички механизам со цел да го следат примирјето во Сирија.
Абдрахманов во изјавата истакна дека сите три страни се држат до територијалниот интегритет, единството, независноста и суверинитетот на Сирија.
Тој истакна дека кризата може да се реши само преку политички процес, со целосно спроведување на одлуката 2254 на Советот за безбедност на ОН (СБОН). Абдрахманов додаде дека се работи на зајакнување на прекинот на огнот, намалување на прекршоците на примирјето на минимум, намалување на насилството со цел да се зголеми сигурноста, и во согласност со одлуката 2165 (2014) на СБОН, на најбрз можен начин и без проблеми да се отвори патот за хуманитарната помош, како и да се обезбеди заштита на цивилите во Сирија и нивно слободно движење.
Абдрахманов изјави дека страните се согласиле на троен механизам, со цел да се следи прекинот на огнот и да се обезбеди негово целосно спроведување, да се спречат нови поттикнувања, како и да се утврдат сите услови за прекин на огнот.
Тој исто така пренесе дека страните ги обновиле одлуките во врска со заедничката борба против терористичките организации ДЕАШ и Фронтот Нусра, како и одвојување на опозициските армиски групи од овие организации. Абдрахманов посочи дека итно треба да се зголемат напорите за повторно започнување на преговорите во согласност со одлуката 2254 на СБОН.
Тој во изјавата истакна дека страните побарале на средбите меѓу режимот на Асад и опозициските групи, кои се предвидени да почнат на 8 февруари 2017 во Женева, под надзор на ОН, да учествуваат и вооружените опозициски групи.
На крајот, Абдрахманов упати апел до меѓународната заедница итно да се преземат сите потребни чекори во согласност со одлуката 2254 на СБОН и да се поддржи политичкиот процес, додавајќи дека страните се согласиле на активна соработка во изнаоѓањето на политичко решение врз платформата изградена во Астана.
За време на изјавата на Абдархманов, присутни беа делегациите на Турција, Русија и на Иран.