Bahtiyar Abdülkerimov
20 Март 2022•Ажурирај: 20 Март 2022
КИЕВ (АА) - Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук соопшти дека земјата држи 562 руски воени заробеници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Верешчук за локална телевизија изјави дека се пронајдени и тела на руски војници и нагласи дека затворениците се третираат во согласност со меѓународните човекови права.
Таа рече дека податоците за затворениците и телата на руските војници биле подготвени и проследени до Меѓународниот комитет на Црвениот крст и истакна дека повеќето затвореници не сакале да се вратат во Русија по нивното заробување.