Mehmet Yılmaz
03 Април 2017•Ажурирај: 04 Април 2017
БУДИМПЕШТА (АА) – Ѓерѓ Баконди, главниот советник за безбедност на премиерот на Унгарија, истакна дека ако е потребно, ќе може да се постави жичена ограда и на границата со Романија, јавува Anadolu Agency (AA).
Баконди во својата изјава за унгарската државна телевизија „М1“ го привлече вниманието на тоа што Унгарија како резултат на преземените чекори во врска со бегалците, во последно време, го зголеми притисокот врз бегалците во граничните зони Романија – Србија и Хрватска – Србија, и рече: „Романија сериозно ја контролира границата и е во соработка со унгарските власти“.
„По потреба, можно е да се постави жичена ограда и на границата со Романија“, истакна Баконди, и рече дека притисокот врз бегалците може да се зголеми како во 2015 година, и оти ја процениле ситуацијата за поставување жичена ограда на границата.
- Преземените мерки против бегалците од страна на Унгарија
Унгарија, земја која е најзначајната рута на бегалците за преминување кон западна Европа, со цел да го запре приливот на бегалците постави ограда од бодликава жица на границата со Србија и со Хрватска, прогласи вонредна состојба во граничните зони и ги зголеми казните што се применуваат за нелегалните преминувања.
Во рамките на преземените мерки против бегалците, со поддршка на своите партнери од Вишеградската група, Чешка, Полска и Словачка, Унгарија дополнително ги засили границите со полициско и воено засилување. Унгарската Влада во врска со неизвесноста во балканските земји во рамките на бегалската криза, на 9 март минатата година ги зголеми безбедносните мерки на границите и прогласи вонредна состојба во земјата.
Со законот којшто беше прифатен на 7 март, унгарскиот Парламент ги задолжи сите бегалци, меѓу кои и децата, да бидат задржани во камповите во текот на процесуирањето на нивните барања за азил, и беше истакнато дека сите бегалци што ќе бидат фатени во земјата ќе бидат депортирани од Унгарија.
Исто така, многубројни невладини организации тврдат дека унгарските безбедносни сили вршат насилство врз бегалците кои влегуваат во државата и нив ги враќаат во Србија.