Mustafa Deveci
24 Април 2019•Ажурирај: 25 Април 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Повеќе од 250 радикални Евреи во придружба на полицијата упаднаа во комплексот „Ал Акса“, во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
Од Управата за вакафи на Ерусалим е соопштено дека 267 радикални Евреи упаднале во „Ал Акса“, од вратата на Фас (Ел-Мегарибе) во придружба на израелската полиција.
Радикалните Евреи во групи се шетале по дворот на Харем-и Шериф, а подоцна заминале од комплексот „Ал Акса“.
Бројот на упадите е зголемен поради еврејскиот празник Пасха, кој започна да се одбележува минатиот петок и ќе трае до 27 април. И вчера група радикални Евреи, меѓу кои беше и израелскиот министер за земјоделство, Ури Ариел, во придружба на полицијата, влегоа во комплексот „Ал Акса“.
Радикалните Евреи, во придружба на полицијата, повремено во утринските и попладневните часови влегуваат во предворието на „Ал Акса“, што доведува до зголемување на тензиите меѓу Палестинците и припадниците на безбедносните сили на Израел.
Комплексот „Ал Акса“ се простира на 15 отсто од површината на старото јадро на Ерусалим, кое е под израелска окупација, а претставува точка на спојување на трите најголеми религии на светот.
По „Месџид ел Харам“ во Мека и Џамијата на пратеникот во Медина, „Ал Акса“ е трето најважно место за муслиманите.