Mohamad Majed Mustafa Haboush,Zeynep Hilal Karyağdı Duran
12 Март 2024•Ажурирај: 15 Март 2024
ГАЗА (АА) - Палестинскиот фудбалер Мухамед Берекат загина во израелски напад врз градот Хан Јунис на југот на Појасот Газа, јавува Анадолу.
Палестинскиот фудбалски сојуз на својата веб-страница го објави загинувањето на фудбалерот.
Се наведува дека палестинските спортисти продолжуваат да ги губат животите поради израелските напади.
Оттаму потврдија дека во израелскиот напад извршен вчера во Хан Јунис, убиен е репрезентативецот во фудбал на песок Мухамед Берекат, познат по прекарот „Лав“.
Во израелските напади врз Газа и на Западниот Брег досега убиени се 158 спортисти, од кои 91 фудбалер.
Наведено е дека во нападите на Израел уништени се 22 спортски објекти во Газа и на Западниот Брег.
Берекат, кој со професионален фудбал почнал да се занимава во својот младински клуб во 2015 година, стана првиот фудбалер кој има постигнато 100 гола во дресот на истиот тим додека играл за клубот Хан Јунис Геџлер.
Играше и за други клубови во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира дека ќе се обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.
Но, нападите продолжуваат со несмалено темпо, а испораката на помош и понатаму е недоволна за справување со хуманитарната катастрофа.
Од 7 октомври минатата година, во израелските напади во Појасот Газа загинати се најмалку 31.112 Палестинци.