Büşra Selvi Öğütcen
02 Јануари 2023•Ажурирај: 05 Јануари 2023
МАНИЛА (АА) - Бројот на загинати во поплавите предизвикани од поројните дождови на Филипините се искачи на 51, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Националната агенција за намалување и превенција на ризици од катастрофи, во поплавите досега загинале 51 лице, 16 лица се повредени, додека 19 лица се водат како исчезнати.
Се вели дека 25 од загинатите се од Северно Минданао, и дека поплавите погодиле 34 градови и најмалку 10 региони во земјата.
Се истакнува дека најмалку 600.000 лица се погодени од поплавите, над 51.000 лице се раселени, додека 8.600 лица сè уште се наоѓаат во центрите за евакуација.
Како резултат на поплавите, оштетени се 4.500 куќи, за сообраќај се затворени бројни патишта и мостови, а настана и прекин на снабдувањето со вода и електрична енергија во некои подрачја.
Во тек се операции за пребарување и спасување на 19 лица.