Emel Öz Gözellik
07 Февруари 2019•Ажурирај: 08 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 50 лица, од кои повеќето деца, починале од епидемијата на мали сипаници во филипинскиот главен град Манила, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), надлежните од Министерството за здравство на оваа земја соопштиле дека од 1 до 19 јануари оваа година биле идентификувани 196 случаи на мали сипаници, додека оваа бројка во истиот период минатата година била само 20.
Надлежните истакнаа дека од мали сипаници животот го загубиле околу 50 лица, од кои повеќето деца.
Се вели дека 2,4 милиони деца кои не зеле вакцина против мали сипаници, се наоѓаат во ризична група.
Од друга страна, од родителите е побарано да бидат повнимателни поради зголемувањето на бројот на случаите, зафатени со оваа епидемија.