Hüseyin Burak Demirer
27 Ноември 2020•Ажурирај: 30 Ноември 2020
АНКАРА
Овој викенд на програмата е трката за Големата награда на Бахреин, 15. трка во сезоната 2020 во Формула 1, во која Британецот Луис Хамилтон ја загарантира овогодишната шампионска титула во категоријата на возачи, а тимот на Мерцедес во категоријата конструктори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трката ќе се одржи на Меѓународната патека „Шакир“, долга 5.412 метри, изградена во северниот дел на Бахреин.
На трката ќе се возат 57 круга, а борбата за пол-позициите ќе се одржи утре со почеток во 15:00 часот. Трката за Големата награда на Бахреин ќе се одржи в недела на 29 ноември, со почеток во 15:10 часот.
Пред трката за Големата награда на Бахреин, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, има 10 победи, неговиот клупски колега Валтери Ботас 2, а Макс Верштапен од Ред Бул-Хонда и Пјер Гасли од Алфа Таури-Хонда имаат по една победа.