Hajer M'tırı
03 Септември 2016•Ажурирај: 04 Септември 2016
ПАРИЗ (AA) - Францускиот министер за внатрешни работи, Бернард Казенев, изјави дека француските власти се решители во потполност да го остранат бегалскиот камп во градот Кале, јавува Anadolu Agency (AA).
Инаку, бегалскиот камп на северот на Франција, попознат по името „Џунгла“, е главно престојувалиште за бегалците кои се надеваат дека ќе преминат во Велика Британија.
Казанев во петокот го посети Кале за да ги смири тензиите во тој град каде што локалните жители, камионџии и земјоделци оваа недела бараат затворање на бегалскиот камп во кој сѐ уште се наоѓаат илјадници бегалци.
Францускиот министер во текот на посетата се состана со тамошните функционери, стопанственици и со полицијата, со кои разговараше за можноста за затворање на кампот.
Градоначалничката на Кале, Наташа Букарт, на новинарите им рече дека Казанев изразил подготвеност во потполност да се затвори северниот дел од бегалскиот камп
„Министерот е подготвен на потполно отстранување на северниот дел во еден чекор, но не го прецизираше можниот датум кога тоа би се случило“, рече Букарт.
Казанев истакна дека моментално во овој бегалски камп се наоѓаат околу 6.900 баратели на азил, додека организациите за заштита на правата на бегалците проценуваат дека во кампот се наоѓаат над 9.100 лица.
Потсетуваме, француските власти во март годинава го затворија северниот дел на бегалскиот камп во овој град.