Ömer Aydın
23 Март 2018•Ажурирај: 23 Март 2018
ПАРИЗ (АА) - Вооружено лице како заложници ги зема лицата што се наоѓаа во еден супермаркет во градот Треб во југозападниот дел на Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Франија соопшти дека во градот Треб едно вооружено лице во еден од супермаркети на синџирот „Супер У“ ги земал за заложници лицата кои се затекнале внатре.
Локалниот весник L'Independant информираше дека безбедносните сили продолжуваат со операцијата во супермаркетот во градот Треб, додавајќи дека во супермаркетот загинало едно лице.
Францускиот јавен информативен канал France Info објави вест базирана на информации од обвинителството, во која се вели дека вооруженото лице во супермаркетот, нападот го извел во име на терористичката организација ДЕАШ.
Од друга сграна, радио-станицата RTL објави дека од едно возило во подрачјето на Каркасон што се наоѓа во близина на градот Треб бил отворен оган врз полициско возило што стоело покрај патот, доавајќи дека во нападот се ранети двајца полицајци. Ранетите полицајци се префрлени во болница и се надвор од животна опасност.