Esra Taşkın
31 Јануари 2023•Ажурирај: 01 Февруари 2023
ПАРИЗ (АА) - Франција и Италија се договорија да купат речиси 700 противвоздушни ракети со среден дострел Астер од „Еуросам“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На 30 декември двете земји испратија договор до Франко-италијанскиот конзорциум „Еуросам“ за производство на околу 700 ракети Астер, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
Според договорот, Италија и Франција ќе ги добијат ракетите Астер 15, Астер 30Б1 и најновата верзија Астер 30 Б1НТ.
Министерството истакна дека ова е една од најголемите нарачки од ваков вид, додавајќи дека тоа ќе наметне прилагодување на целиот индустриски синџир.