Murat Ünlü
07 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
ПАРИЗ (АА) - Судот во Франција осуди мајка на припадник на терористичката органзиација ДЕАШ на 10 години затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Кристин Ривиер (51) осудена е на 10 години затвор откако е утврдено дека во три наврати го посетила синот во Сирија, кој таму се бори во редовите на терористичката организација ДЕАШ.
Ривиер пред судот изјави дека го посетувала синот во Сирија бидејќи стравувала дека тој нема да се врати дома.
Осудена е за кривични дела членство во терористичка организација, давање финансиска поддршка на синот, споделување на негово фанатичко мислење и ширење на терористичка пропаганда преку интернет.
Се очекува дека за кратко време пред судот би требало да биде изведен и нејзиниот син кој исто така се наоѓа во притвор во оваа земја.
Во Франција неодамна е осудена една мајка која праќала пари на нејзиниот син во терористичка организација, и таа доби две години затвор.