Yusuf Özcan
14 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
ПАРИЗ
На антивладините протести одржани во Париз дојде до нереди, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Франција се одбележува државниот празник 14. јули, а на Плоштадот на Републиката во Париз, на повик на многу синдикати се собраа здравствените работници и „жолти елеци“.
Демонстрантите кои пешачеа до Плоштадот Бастиље ги извикуваа слоганите против Владата и истакнуваа транспаренти.
Здравствените работници бараа подобри услови за работа.
Дојде и до судири на полицијата и демонстрантите, поради што припадниците на безбедносните сили на демонстрантите фрлија солзавец.
„Остро го осудувам неприхватливото однесување за време на протестите кон нашите безбедносни сили“, на социјалните мрежи напиша Жералд Дарманен, министер за внатрешни работи.