Fatma Esma Arslan
11 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
ДАКАР
Република Бенин по 129 години ги доби во своја сопственост 26-те уметнички дела украдени од страна на Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дваесет и шесте уметнички дела што Франција му ги врати на Бенин, со специјална церемонија беа преземени од претседателот Патрис Талон на аеродромот „Котону“.
На свеченоста, покрај политичари, верски и воени претставници, учествуваа и голем број гости.
Уметничките дела ќе можат да се посетат во Претседателската палата два месеци. Изложбата ќе биде отворена од 15 јануари 2022 година.
Потоа уметничките дела ќе се пренесат во „Музејот на ропството“ во градот Оуидад, каде што се вршела трговија со робови за време на колонијалниот период.
Уметничките дела тука ќе останат околу две години, потоа ќе бидат дел од постојаната изложба во „Музејот Епот на Амазонија и на кралевите на Дахомеј“, кој ќе биде изграден во градот Абомеј.
- 15.000 посетители за седум дена
Во август 2016 година, Бенин поднесе официјално барање до Франција за враќање на овие дела. Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе ги врати артефактите за време на неговата посета на Уагадугу, главниот град на Буркина Фасо, во ноември 2017 година.
Уметничките дела се украдени од палатата „Абомеј“ во 1892 година и однесени се во ризницата на кралот Беханзин. Дваесет и шесте дела беа изложени во „Музејот Куаи Бранли - Жак-Ширак“ во Париз од 2003 година (понекогаш нарекуван и Музеј на уметности и цивилизации на Африка, Азија, Океанија и Америка).
Делата, пред да бидат испратени во Бенин, биле посетени 15.000 луѓе за седум дена.
Според Постојаната мисија на УНЕСКО во Бенин, во Франција има 4.500 - 6.000 дела кои му припаѓаат на Бенин.
- Во Франција има околу 90.000 историски артефакти кои припаѓаат на Африка
Франција има околу 90.000 историски артефакти кои им припаѓаат на земјите на супсахарска Африка, од кои 46.000 се шверцувани во периодот од 1885 до 1960 година.
Повеќето од делата се изложени во музеите низ Франција, особено во главниот град Париз.
Со своите колонијални активности што ги започна во 1524 година, Франција воспостави доминација во повеќе од 20 земји на западниот и северниот дел на Африка, а 35 проценти од овој континент 300 години беше под контрола на Французите.