Yusuf Özcan
10 Ноември 2017•Ажурирај: 11 Ноември 2017
ПАРИЗ (AA) - Судењата за терористичките напади извршени на 13 ноември во 2015 година во Париз, во кои животот го загубија 130 лица, би можеле да започнат најрано во пролетта 2019. година, јавува Anadolu Agency (AA).
Францускиот државен обвинител Франсоа Молинс зборуваше во врска со терористичките напади изведени во ноември 2015 година, при што истакна дека се соочиле со терористичка ќелија со којашто претходно не се среќавале и оти морале да поминат 28.000 страници со изјави и 220 документи.
Според она што го соопшти, судењата за терористичките напади би можеле да започнат најрано во пролетта 2019 година.
Молинс потсети дека 690 лица од Франција, меѓу кои 295 се жени и 28 лица помлади од 18 години, биле во редовите на терористичката организација ДЕАШ во Ирак и во Сирија.
Тој истакна дека во Франција се вратиле 302 лица, а приведени се 398.
Вонредна ситуација во земјата беше прогласена на 13. ноември 2015 година, во шест подрачја, откако беа изведени терористички напади во коишто загинаа 130 лица. Таа беше продолжена по нападите во Ница во јули минатата година. Тогаш загинаа 84 лица.