Murat Temizer
03 Февруари 2023•Ажурирај: 09 Февруари 2023
ВАРШАВА (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Полска, Лукас Јасина, истакна дека Франција ќе испрати 150 инструктори во Полска со цел обучување на украинските сили како дел од мисијата на Европската Унија за воена поддршка за Украина, пренесува Анадолу.
Јасина оваа информација ја потврди преку објава на својот Твитер профил.
Тој потсети дека ЕУ во октомври 2022 година ја формира Мисијата за воена помош на Украина со цел обучување на 15.000 војници во центри во земјите членки на ЕУ.
Според него, една од двете команди во рамки на оваа мисија се наоѓа во Полска, додека другата во Германија.
„Во рамки на Мисијата на ЕУ за воена помош за Украина, Франција ќе испрати 150 војници во Полска. Овие војници ќе ги обучуваат украинските сили“, истакна Јасина.