Hajer M'tırı
12 Септември 2017•Ажурирај: 12 Септември 2017
ПАРИЗ (АА) - Стотици илјади луѓе во повеќе од 200 француски града ќе излезат на улиците за да го изразат незадоволството од најавените реформи што ги поддржува претседателот Емануел Maкрон, јавува Anadolu Agency (AA).
Се очекува дека индустриската акција во различни сектори ќе го наруши јавниот транспорт, енергетскиот сектор и образованието, бидејќи синдикатите на учениците и наставниците најавија дека ќе се приклучат во протестот.
Интересно e што другите големи француски синдикати како ЦФДТ и ФО нема да учествуваат во протестите.
Францускиот премиер Едуар Филип минатиот месец објави 36 реформски мерки кои ќе бидат претставени во форма на пет уредби.
Тие обезбедуваат поголема флексибилност за работодавачите при утврдување на платите и условите за работа, им овозможува на малите бизниси со помалку од 20 вработени директно да преговараат со вработените, без синдикална интервенција, на компаниите им обезбедува поголема слобода во вработувањето и отпуштањето, и ограничување на отпремнината за неоправданите отпуштања.
Според Макрон и Филип, реформите имаат за цел да го модернизираат Законот за работни односи на 3.500 страници.
Филип Мартинез, претседател на ЦГТ (најголемиот работнички синдикат), кој е поврзан со Комунистичката партија, реформите ги нарече социјален државен удар.
Франција има стапка на невработеност од 9,5 отсто, што е двојно повеќе од другите големи европски економии, како што е на пример Германија. Maкрон вети дека ќе ја намали стапката на 7 отсто до 2022 година.
На 22 септември, одредбите на реформата треба да бидат одобрени од страна на Националното собрание, каде што Maкрон има мнозинство.
Анкетата објавена вчера покажа дека протестите закажани за денес имаат поддршка од 57 отсто испитаници, што сепак е помал од 65 отсто, колку што ги подржуваа демонстрациите против реформите на Законот за труд на претходната француска Влада.
Следните протести што ги најави лидерот на екстремната левица, Жан-Лук Меленхон, закажани се за 23 септември.