Eşref Musa,Mehmet Burak Karacaoğlu
03 Јануари 2020•Ажурирај: 05 Јануари 2020
ИДЛИБ
Сириските активисти за да го привлечат вниманието на цивилите што избегаа од нападите на режимот и Русија, коишто преживуваат во зимски услови, одиграа фудбалски натпревар со децата од Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Активистите во областа Сармада на граничната линија меѓу Сирија и Турција во рамките на активностите „Да оживееме некои спомени“ со децата од кампот одиграа фудбалски натпревар на дожд и кал.
На фудбалскиот натпревар имаше интересни сцени, а лицата на децата што учествуваа на натпреварот беа насмеани.
- „Пропаднавме во калта, но среќни сме“
Активистот Јусуф Шабан, кој учествуваше во натпреварот, во изјавата за дописникот на АА рече дека од Граѓанската војна поминале 9 години, а информациите за дождовите и калта не привлекле внимание кај никого.
„Секој ден, додека шетав низ камповите, ги гледав солзите во очите на децата кои се лизгаа на калта, паѓаа и беа мокри, натопени од дождот. Сега за да можеме да ‘нацртаме‘ една насмевка на лицето на децата одлучивме да организираме фудбалски натпревар во калта“, нагласи Шабан.
Друг активист, Бесам Хамеде, изјави дека натпреварот го организирале за да покажат дека имаат моќ за живот дури и во услови на војна, миграција и зима.
Хамеде, исто така, нагласи дека главната цел на фудбалскиот натпревар е да се насмевнат лицата на децата кои живеат во импровизираните кампови и водат борба за живот во зимски услови.
Друг учесник, Фади Низхе, истакнувајќи дека активноста носи многу важна порака, рече: „И покрај страдањата и трагедијата, овој народ нема да се врати под режимот на Асад. Револуцијата што ја започна ќе ја продолжи до крај.“