Ali Cura
28 Февруари 2022•Ажурирај: 03 Март 2022
МОСКВА (АА) – На кибернапади е подложена веб-страницата на руската државна новинска агенција ТАСС, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на ТАСС се наведува дека официјалната веб-страница на Агенцијата била хакирана, а напаѓачите објавиле неточни информации на страницата.
Исто така се нагласува дека информациите што се објавуваат немаат никаква врска со уредништвото на ТАСС.
„Последниве денови веб-страницата на ТАСС постојано е изложена на големи хакерски напади. Денеска напаѓачите успеаја да ја хакираат. Во моментов се работи на враќање на функционалноста на веб-страницата на ТАСС", се вели во соопштението.
Освен оваа веб-страница, се наведува дека се хакирани и голем број други големи руски медиуми.
Страницата на ТАСС, што беше цел на кибернапади, содржеше една вест во која се повикува народот „да излезе на улица против војната“.