Ekipa
15 Март 2021•Ажурирај: 16 Март 2021
РАМАЛА (АА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас го отфрли израелското барање за одложување на палестинските избори, изјави висок челник на Хамас, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Абас го отфрли барањето на ционистичкиот ентитет (Израел) за одложување на изборите“, изјави Муса Абу Марзук, член на политичкото биро на Хамас.
Немаше коментар ниту од палестинските власти ниту од Израел за ова тврдење.
Меѓутоа, Абу Марзук не го исклучи одложувањето на гласањето поради раздорот во движењето Фатах.
Минатата недела, Фатах го смени Насер ал Кудва, внукот на поранешниот претседател Јасер Арафат, поради планот да се кандидира на посебна листа на претстојните избори.
Приведениот челник на Фатах, Марван Баргхути, исто така ја откри намерата за кандидирање на претседателските избори што треба да се одржат на 31 јули.
Палестинските фракции би требало да се состанат во Каиро денес за да дискутираат за подготовките за претстојните избори.
Во јануари Абас издаде декрет за одржување на парламентарните избори на 22 мај, претседателските избори на 31 јули и на изборите за Националниот совет на 31 август.
Последните парламентарни избори, на кои Хамас освои мнозинство, беа одржани во 2006 година.