Zehra Ulucak
22 Мај 2017•Ажурирај: 23 Мај 2017
КАТМАНДУ (АА) - Четири лица загинаа во обид да се искачат на врвот од планината Монт Еверест, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на Канцеларијата за туризам во Непал соопштија дека минатиот викенд, во обид да се искачат на врвот на Еверест загинале граѓани на Индија, САД, Словачка и на Австралија.
Настраданите алпинисти се идентификувани како Рави Кумар, Роланд Јеравод, Владимир Стрба и Франческо Енрико Maрчети.
Министерството за туризам во Непал претходно објави дека во првите четири месеци од оваа година, дозвола за обид да се искачат на Еверест добиле рекордни 371 лице. Во текот на минатата година, 289 планинари добија дозвола.
Најчеста причина за фаталните несреќи е лошата подготовка и лошиот план за освојување на тешката патека којашто води до највисокиот врв на светот.
Првата таква несреќа оваа година се случи во април, кога почина познатиот шведски алпинист Ули Штек, кој самостално се обиде да го освои Еверест.
Паралелно со ова, локалните извори известуваат дека дошло до рушење на карпата Хилари Степ, која во јужниот дел на планината Монт Еверест се извишуваше до надморска височина од 8.800 метри.
Името го носеше според лордот Едмунд Хилари, кој прв ја измери нејзината надморска височина во 1953 година.
Се верува дека до рушење на карпата дошло поради нејзино оштетување за време на земјотресот од девет степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, пред две години.