Recep Şakar
20 Јануари 2017•Ажурирај: 20 Јануари 2017
МЕЛБУРН (АА) – Загина 47-годишен маж во обид да ја премине источната Река на Крокодилите, која тече низ националниот парк „Какаду“ во северна Австралија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на австралискиот медиум „Еј-би-си“, еден маж придружен од две женски лица бил жртва во напад на крокодил при обидот да ја помине источната Река на Крокодилите.
Полицијата изјави дека лицето нападнато од крокодил долг околу 3,5 метри го загуби животот. Жените што го придружувале веднаш повикале полиција. Полициските службеници истакнаа дека е глупаво да се влезе во водата покрај поставените знаци со предупредување дека во реката има крокодили.
Крокодилите ги населуваат особено реките во северниот дел на Австралија претставуваат голема опасност за тие што сакаат да ловат риби, да кампуваат или сакаат да влезат во реката.