Ekipa
01 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
БЕРЛИН (АА) - Тројца скијачи загинаа во лавина што ја зафати областа на швајцарските Алпи вчера попладне, а двајца беа хоспитализирани, соопшти швајцарската полиција, пренесуваAnadolu Agency (AA).
Кантоналната полиција во Вале соопшти дека лавината зафатила врз група од пет скијачи кои рано го напуштија планинарскиот дом за да преминат преку познатиот глечер Алетш, во јужниот дел на Швајцарија.
Друга група скијачи ја забележале лавината и ги предупредиле спасувачите кои во саботата вечер ги пронајдоа телата на тројцата скијачи, додека двајца успеаја да спасат.
Според информациите, станува збор за шпански државјани.
Полицијата денес соопшти дека поради лошите временски услови и слабата видливост, спасувачките операции биле исклучително тешки.