Fatih Erel
05 Септември 2017•Ажурирај: 05 Септември 2017
БЕРН (АА) - Швајцарија вчера се понуди да посредува за да помогне во решавањето на нуклеарната криза во Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние сме подготвени да се понудиме во улога на посредник. Мислам дека во претстојните недели многу работи ќе зависат од тоа како САД и Кина можат да влијаат на кризата“, изјави претседателката на Швајцарија, Дорис Лојтхард, на прес-конференција во Берн.
Таа истакна дека досегашните санкции против Северна Кореја имале мал ефект врз прекинот на нуклеарната закана, и додаде: „Населението страда поради сите санкции“.
„Навистина е време за дијалог“, нагласи Лојтхард.
Лојтхард, исто така, предупреди за претераните реакции од страна на САД и Кина во текот на заканата.
Северна Кореја тврди дека детонирала нова хидрогенска бомба во неделата, потврдувајќи ги сомнежите за шестата нуклеарна проба на оваа изолирана земја.
Официјалната новинска агенција на Пјонгјанг „KCNA“ (КЦНА) објави дека нивната „совршена“ проба била со хидрогенска бомба којашто може да биде монтирана на интерконтинентална балистичка ракета на Северна Кореја.