Ekip
02 Април 2017•Ажурирај: 03 Април 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Три лица загинаа, а најмалку 19 се повредени денес кога автобус, кој превезувал средношколци на ски-центар, излетал од патот во централниот дел на Шведска, соопштија официјални претставници, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на службата за спасување Петар Нустедт истакна дека шест лица се потешко повредени, додека 31 лице поминало со полесни повреди.
Во автобусот се наоѓале 52 средношколци и седум возрасни лица, меѓу кои и возачот, а на снимките се гледа превртено возило на едната страна од автопатот.
Несреќата се случила на главниот автопат јужно од местото Свег, 430 километри северозападно од главниот град Стокхолм.
Сеуште не е позната причината за несреќата, но се наведува дека патот бил замрзнат кога несреќата се случила утринава во 7 часот на пат кон ски-центар.