Atila Altuntaş
26 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Непозната група напаѓачи синоќа изврши напад врз џамијата Сафле во јужниот шведски град Карстад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нападнатата џамија се наоѓа во комплексот на Исламскиот културен центар, а шведската државна телевизија „SVT“ (СВТ) објави дека напаѓачите ги скршиле прозорците на џамијата и фрлиле повеќе моќни пиротехнички средства.
Освен скршените прозорци, експлозивните направи предизвикаа и материјална штета во внатрешноста на џамијата, а директорот на Исламскиот културен центар, Абдихаким Адан, го опиша нападот како застрашувачки.
Тој истакна дека во џамијата Сафле секојдневно на молитвите присуствуваат околу 100 верници.
Властите покренаа истрага за нападот, а полицијата во прелиминарниот извештај наведе дека станува збор за акт направен од омраза.