Melda Altakhan
06 Јули 2016•Ажурирај: 07 Јули 2016
ПРЕТОРИЈА (АА) – Оскар Писториус, параолимпиецот од Јужна Африка, кој влезе во историјата како првиот параолимписки спортист кој учествувал на Олимпијада доби шестгодишна затворска казна поради убиство на својата девојка Рива Стенкамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Шестгодишната казна затвор за убиство на Рива Стенкамп, на познатиот спортист му ја изрече судијата Токозиле Масипа, во јужно-африканскиот град Преторија, каде се одвиваше судскиот процес.
Во однос на очекувањата за изрекување на 15-годишна казна за Писториус, Масипа објаснува дека помалата казна е резултат на значително релевантни и убедливи околности.
За време на сослушувањето за донесување на одлуката беа присутни и родителите на Писториус и Стенкамп, Бари и Џун.
За текот на процесот на судењето свои изјави дадоа блиските на убиената Стенкамп.
Оскар Писториус беше претходно осуден на пет години затвор за „убиство од небрежност“ на Рива Стенкамп, кое се случи во неговиот дом во Преторија, на 14-ти февруари 2013 година. Писториус (29), пред судот излезе со изјава дека пукал во заклучената врата од тоалетот, под сомнение дека некој насилно влегол во неговиот дом и дека по грешка ја убил својата девојка која во тој момент се наоѓала во тоалетот. Подоцна беше донесена одлука со која параолимпиецот имал право останатите 4 години од казната под надзор да ги мине во куќен притвор кај својот чичко.
Кривичниот совет на Врховниот суд на Јужна Африка, сметајќи ја изречената казна за „убиство од небрежност“ како недоволна, донесе одлука за преименување на случајот во „убиство од небрежност со умисла“ и повторно отворање на судскиот процес.