İlayda Çakırtekin
25 Јуни 2026•Ажурирано: 25 Јуни 2026
Шпанија регистрираше 212 смртни случаи поврзани со топлотниот бран во периодот од 21 до 24 јуни, според податоците објавени денес од државниот систем за следење на смртноста, пренесува Анадолу.
Системот за мониторинг „MoMo“ соопшти дека смртните случаи започнале да се евидентираат од саботата, кога официјално започна топлотниот бран низ земјата.
Податоците покажуваат постојан дневен пораст на смртноста: 13 случаи во саботата, 38 во неделата, 66 во понеделникот и 95 во вторникот.
Топлотниот бран собори и повеќе температурни рекорди, меѓу кои и највисоката досега измерена температура во северниот регион Кантабрија од 43,7°C.
Рекордно високи ноќни температури се регистрирани и во градот Замора и во провинцијата Алмерија.
Шпанската државна метеоролошка служба „Аемет“ денес не издаде црвени предупредувања за топлотен бран.
Се очекува температурите сепак да се движат околу 37–38°C во неколку региони, додека во некои области се најавуваат врнежи од дожд и грмежи.