Ata Ufuk Şeker
20 Декември 2021•Ажурирај: 20 Декември 2021
БРИСЕЛ (АА) - Вработените на белгиската авиокомпанија „Браселс ерлајнс“ организираа штрајк барајќи подобри услови за работа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пилотите и кабинскиот персонал на „Браселс ерлајнс“ на повик на неколку синдикати за работници покренаа 24-часовен штрајк.
Поради штрајкот кој започна пред божиќните празници, еден од најфрекветните периоди во годината, откажани се половина од планираните најмалку 100 летови од аеродромот во Брисел.
Во заедничкото соопштение на синдикатот наведено е дека управата на „Браселс ерлајнс“ не го почитува времето за одмор на работниците, загрозена е рамнотежата на деловниот и приватниот живот, и дека многу е тешко да се планираат летови.
Во соопштението бараат подобри услови за работа и додаваат дека Управата не се придржува на договорот и покрај пожртвуваноста на работниците поради пандемијата на коронавирусот. Истакнуваат дека работниците добивале отказ и им се намалувале плати.
„Браселс ерлајнс“ започна да ја чувствува финансиската криза предизвикана поради пандемијата, а компанијата која доби финансиска поддршка од белгиските власти, најави намалување на флотата и бројот на работници.
Во „Браселс ерлајнс“, кој припаѓа на групата „Луфтханса“, работат околу 3,300 вработени и поседуваат 38 авиони.