Ahmet Furkan Mercan
20 Мај 2021•Ажурирај: 21 Мај 2021
ТОКИО
Советодавното тело при Министерството за здравство, труд и просперитет на Јапонија ја одобри употребата на вакцините против коронавирусот што ги произведуваат американската компанија Модерна и британско-шведскиот производител АстраЗенека, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јавниот радиодифузер на Јапонија (NHK) објави дека ресорниот јапонски министер Тамура Норихиса утре и официјално ќе го потпише одобрението за употреба на оваа вакцина против Ковид-19 во Јапонија.
Првиот секретар на кабинетот на јапонската влада Като Катсунобу денес изјави дека одобрението за употребата на вакцините на Модерна и АстраЗенека значително ќе го забрзаат процесот на имунизација на населението во Јапонија.
Јапонија до сега ја одобри употребата на вакцината Фајзер/БајоНтек и од февруари најмалку една доза од таа вакцина ја прими 4% од населението на Јапонија. Тоа е најниска стапка на вакцинирани меѓу земјите на Организацијата за економска соработка и развој (OECD).
Властите на Јапонија постигнаа договори за набавка 194 милиони дози на вакцината на Фајзер/БајоНтек, 120 милиони дози на АстраЗенека и 50 милиони на Модерна. Официјален Токио најави дека кон средината на годината ќе има доволно вакцини за имунизација на целото население на Јапонија.