Ekip
30 Јуни 2017•Ажурирај: 01 Јули 2017
ТОКИО (АА) - И покрај противењето на американскиот претседател Доналд Трамп на слободната трговија, Јапонија и ЕУ брзаат да го финализираат договорот за ублажување на бариерите меѓу нивните огромни економии, јавува Anadolu Agency (AA).
Двете страни се надеваат дека ќе се договорат пред групата од 20 индустриски земји да се состане следната недела во Хамбург. Јапонските медиуми тврдат дека главната точка на несогласување е царината од 40 отсто за увоз на сирење, на која инсистира Јапонија.
ЕУ и Јапонија заедно сочинуваат пазар од речиси 640 милиони лица и прават околу третина од глобалниот БДП.
Јапонија сака ЕУ да ја намали царината за возила, електрични апарати и други индустриски производи. Од друга страна, Европа бара послободен пристап на јапонскиот пазар за нејзината земјоделска роба, вклучувајќи ги млечните производи како сирењето.