Ahmet Furkan Mercan
08 Јули 2024•Ажурирај: 09 Јули 2024
ТОКИО (АА) - Јапонија и Филипини потпишаа билатерален одбранбен договор што ќе овозможи заеднички вежби за зајакнување на регионалната безбедност, известува Анадолу.
Јапонија, која се соочува со зголемено влијание на Кина во Индо-Пацификот, продолжува со напорите за продлабочување на соработката со Филипини, својот крајбрежен сосед во Источна Азија.
Министрите за надворешни работи и за одбрана на двете земји се подготвуваат за средба во рамките на „Самитот за безбедност 2+2“ во Манила, главниот град на Филипини.
Пред Самитот филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор ги прими јапонската министерка за надворешни работи Камикава Јоко и министерот за одбрана Кихара Минору.
На средбата беше потпишан билатерален одбранбен договор што ќе овозможи заеднички вежби меѓу двете земји.
Министрите за надворешни работи и за одбрана на двете земји на „Самитот за безбедност 2+2“ ќе разговараат за новите можности за визијата за слободен и отворен Индо-Пацифик заснован врз владеење на правото.