Ekip
09 Март 2019•Ажурирај: 11 Март 2019
ТОКИО (АА) - Гинисовата книга на рекорди, 116-годишната Јапонка, која сака да ја игра стратешката игра на табла „Отело“, ја прогласи за највозрасно лице на светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Глобалниот авторитет кој ги документира светските рекорди, на церемонијата во Домот за стари лица во Фукока официјално ја прогласи Кане Танака за највозрасна личност на светот. На свеченоста присуствуваше нејзиното семејство и градоначалникот на Фукока.
Танака е родена на 2 јануари 1903 година како седмо од осумте деца во семејството. Се омажила за Хиде Танаку во 1922 година со кого имала четири деца и уште едно посвоено.
Кане обично станува околу шест часот наутро и ужива во учењето математика.
И претходно, највозрасната личност беше исто така од Јапонија, Чијо Мијако, која почина на возраст од 117 години.
Јапонците доминираат на листата на највозрасни лица. Во Јапонија луѓето остануваат активни и се чувствуваат корисни до своите осумдесетти години, па дури и потоа.
Највозрасното лице во историјата беше Французинката Жан Луис Калмент, која живееше 122 години.