Ömer Koparan,Adham Kako
11 Декември 2019•Ажурирај: 13 Декември 2019
ХАСЕКА (АА) - ОМЕР КОПАРАН -
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од безбедносни извори, терористичката организација ЈПГ/ПКК, со посредство на арапските племиња, од почетокот на декември досега ослободи 516 лица, терористи на ДЕАШ и нивните семејства, кои ги држеше во кампот „Хол“ во градот Хасека кој се наоѓа во североисточниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
По започнување на турската операција „Извор на мирот“, ЈПГ/ПКК ослободи или им помогна во бегство на стотици терористи на ДЕАШ.
Министерството за национална одбрана на Турција на 17 ноември соопшти дека терористичката организација ПКК/ЈПГ од затворот во Тел Абјад ослободила најмалку 800 терористи на ДЕАШ.
- Кампот „Хол“
ЈПГ/ПКК во кампот „Хол“, кој го формираше во април 2017 година, покрај цивилите кои избегале од судирите со терористичката организација ДЕАШ во Дејризор, ги држи и некои припадници на ДЕАШ кои се предале, како и нивните семејства.
Цивилите задржани во овој камп, од страна на терористичката организација се држат во нечовечки услови, како нечистотија, храна со поминат рок и слично.
Обединетите нации (ОН), како и невладините организации често упатуваат предупредување дека хуманитарната состојба во кампот „Хол“ постојано се влошува, барајќи пристап до центрите каде што се задржани милитантите на ДЕАШ.
Според ОН, кампот „Хол“ има капацитет од 10.000 лица, но таму се засолнуваат над 70.000 лица, од кои над 90 отсто се деца и жени.
Во кампот „Хол“ се наоѓаат неколку илјади странски терористички борци од околу 50 земји, како и голем број терористи со потекло од Сирија и Ирак.