Gökhan Kavak
14 Март 2019•Ажурирај: 15 Март 2019
АБУЏА (АА) - 126 лица ги загубија животите поради поројни дождови и тропски бури во Јужна Африка, Мозамбик и Малави.
Според информациите на АА, поради поројни дождови и тропски бури во Мозамбик загинале 66 лица, во Малави 56, а во Јужна Африка, 4 лица.
Повеќе од 800 луѓе беа погодени од обилните дождови и бури, а околу 100 илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
Тропската бура предизвика многу инфраструктурни проблеми, особено кај водоводните и електричните системи.
За регионите погодени од неповолните временски услови, многу меѓународни организации започнаа хуманитарни кампањи, а потрагата на спасувачките екипи по изгубените лица продолжува.