Tufan Aktaş,Hassan Isilow
26 Декември 2022•Ажурирај: 27 Декември 2022
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Бројот на загинати како резултат на експлозијата на цистерна со гориво во Јоханесбург, во Јужноафриканската Република во саботата, се искачи на 15, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на земјата, Џо Фаала, изјави дека уште 5 повредени во несреќата го загубиле животот, а бројот на загинати достигна 15.
Фаала рече дека тројца од загинатите се вработени во блиската болница, која била оштетена од експлозијата.
Портпаролот на Дирекцијата за автопати, Симон Зване, нагласи дека експлозијата била почувствувана на оддалеченост од 5 километри.
Цистерната со гориво се запали откако се заглави под мост во областа Боксбург во Јоханесбург.