Betül Yürük
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
ЊУЈОРК (АА) - Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, соопшти дека буџетот наменет за Полицискиот оддел ќе биде скратен како дел од зголемените барања за реформи откако Афроамериканецот Џорџ Флојд почина од полициско насилство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Де Блазио рече дека буџетот на Полицискиот оддел ќе биде намален откако полицијата во Њујорк остро интервенираше врз демонстрантите на првиот ден од протестите.
Градоначалникот Де Блазио не даде детали за тоа колку ќе биде скратен годишниот буџет од 6 милијарди долари за Полицискиот оддел во Њујорк, но наведе дека скратениот дел од буџетот ќе биде пренаменет за социјалните услуги.
Смртта на 46-годишниот Афроамериканец Џорџ Флојд предизвика бран протести против полициската бруталност и расната дискриминација, кои во многу американски градови прераснаа во насилни.
На протестите, што веќе две недели се одвиваат низ целата земја, се бараат реформи во полицијата.