Tuğçenur Akgün
31 Јануари 2023•Ажурирај: 01 Февруари 2023
ЊУЈОРК (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, истакна дека на Украина нема да ѝ достават воени авиони од типот Ф-16, јавува Агенција Анадолија (АА).
На новинарското прашање „Дали САД ќе ѝ дадат авиони Ф-16 на Украина?“, Бајден одговори не.
Тој беше прашан и дали ќе реализира посета на Европа на годишнината од почетокот на Руско-украинската војна, за што Бајден рече дека не е сигурен дали тоа ќе се случи.
Меѓу другото, американскиот претседател рече дека ќе ја посети Полска, но дека сè уште точно не се знае кога ќе се реализира оваа посета.
Инаку, пред извесно време беа изнесени тврдењата дека Бајден на 24 февруари, на годишнината од почетокот на Руско-украинската војна, ќе ја посети Украина.
Портпаролката на Белата Куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека Бајден сè уште нема планирано посета по повод годишнината од почетокот на војната.