Ahmet Gürhan Kartal
07 Јули 2022•Ажурирај: 07 Јули 2022
ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер Борис Џонсон се согласи да поднесе оставка денес по големиот притисок, откако повеќе од 50 политичари во неговата Влада поднесоа оставки во последните 48 часа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џонсон ќе поднесе оставка како лидер на конзервативците, но ќе продолжи да ја извршува функцијата премиер додека партијата избере нов лидер.
Во соопштението од Даунинг стрит се вели: „Премиерот ќе даде се обрати на јавноста денес (четврток)“.
Лавина оставки во Владата на Џонсон започна во вторникот вечерта кога Риши Сунак и Саџид Џавид, министрите за здравство и финансии поднесоа оставки.
Вчера, оставки поднесоа повеќе од 40 министри и помошници, што претставува рекорд за 24-часовен период.