Can Erözden
19 Февруари 2021•Ажурирај: 20 Февруари 2021
МЕЛБУРН
Рускиот тенисер Данил Медведев во недела во финалето на „Австралија опен“ ќе игра против најдобриот тенисер на светот, Новак Џоковиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Четвртиот носител Медведев во полуфиналето на првиот Гренд Слем турнир на сезоната, одигран денес, го победи петопласираниот тенисер на светот Стефанос Циципас со 3:0, по сетови 6:4, 6:2, 7:5.
За 25-годишниот Медведев дуелот со Џоковиќ ќе биде првото финале на „Австралија опен“. Досега тој успеа да се пласира во финалето на „УС Опен“ во 2019 година, но загуби во финалето од Рафаел Надал.
Џоковиќ, кој ја брани титулата, во недела ќе го игра деветтото финале на „Австралија опен“. Тој ги реши сите осум досега во своја полза. Одличниот 33-годишен српски тенисер го подигна трофејот во Мелбурн во 2008, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2019 и 2020 година.