Onur Usta
10 декември 2015•Ажурирај: 11 декември 2015
ПАРИЗ (АА) - Авиокомпанијата Turkish Airlines стана официјален спонзор на Европското фудбалско првенство (ЕВРО) кое следната година, од 10-ти јуни до 10-ти јули, ќе се игра во Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на маркетинг на УЕФА, Гај Лурент Епстејн и претседателот на Управниот одбор на Turkish Airlines, Илкер Ајчи, на денешниот состанок во Париз го потпишаа договорот за претстојното ЕВРО првенство.
На состанокот присуствуваа многу поканети гости, меѓу кои и челникот на Фудбалскиот сојуз на Турција, Јилдирим Демирорен и селекторот на турската репрезентација Фатих Терим.
Челникот на Turkish Airlines во оваа пригода изрази сочуство поради страдањето на невините луѓе во неодамнешните терористички напади во Париз.
Потсетувајќи дека Turkish Airlines има потпишано спонзорство со многу фудбалски клубови, меѓу кои се Барселона, Махчестер Јунајтед и Олимпик Марсеј, Ајчи рече дека се надева дека ЕВРО првенството ќе биде отворено со натпреварот помеѓу домаќинот Франција и Турција, и дека трофејот на крај ќе лета за Истанбул.
Селекторот Терим рече дека Turkish Airlines е гордост на Турција, и додаде дека се надева дека турската репрезентација, заедно со таа компанија „ќе лета до европскиот трон“
Ждрепката за престојното ЕВРО првенство ќе се одржи во сабота, 12-ти декември во Париз.