Emrah Oktay
09 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Пилотот од Австралија, Мат Хол, ја освои титулата првак во возбудливиот и сѐ повеќе популарен Шампионат на акробатските летови „Ред бул ер рејс“ (Red Bull Air Race), пренесува Anadolu Agency (AA).
На последната трка на Првенството во јапонскиот град Чиба присуствуваа над 100.000 гледачи.
Атмосферате беше на врвот кога домашниот пилот Јошихиде Муројаа постави најбрзо време и победи во трката.
Меѓутоа, славењето на домашните навивачи го расипа Австралиецот Хол, кој во Чиба беше третопласиран и со 81 поен стана овогодишен шампион, а неговиот јапонски ривал Мурој заврши како второпласиран, заостанувајќи со само еден поен.
Третото место припадна на чешкиот пилот Мартин Сонка, кој во сезоната собра 68 поени.