Murat Ünlü
18 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
ПАРИЗ (АА) - Со потпишувањето на договорот за продажба, екипата на Олимпик Марсеј, која е член на Првата француска фудбалска лига (Ligue 1), стана сопственост на американскиот бизнисмен Френк Меккорт, јавува Anadolu Agency (AA).
Поранешниот сопственик на Олимпик Марсеј, швајцарската бизнисменка од руско потекло Маргарита Луис-Драјфус даде писмено соопштение за продажбата на клубот, во кое не се дадени финансиските аспекти на продажбата.
Поранешниот сопственик на американскиот бејзбол тим Лос Анџелес Доџерс, 63-годишниот Меккорт, во своето кусо обраќање изјави дека ги поседува потребните капацитети и храброста екипата на Олимпик Марсеј, која минатата сезона ја заврши на 13. место од француското првенство, и во моментов се наоѓа на 12. место, во иднина да ја донесе на подобра позиција. Меккорт истакна дека тешкотиите што екипата на Олимпик Марсеј ги имала на теренот и надвор од него, негативно влијаеле на фановите на клубот.
Американскиот бизнисмен претходно беше изјавил дека во клубот ќе инвестира 200 милиони евра.
Екипата на Олимпик Марсеј е единствениот клуб од Франција што со победата во 1993 година го има освоено купот во Лигата на шампиони. Иако Олимпик Марсеј 9 пати бил шампион на Франција во Првата француска лига, клубот го загуби своето влијание во лигата откако пред 5 години екипата на Пари Сен Жермен беше преземена од страна на катарски бизнисмени.