Yunus Kaymaz
21 Август 2018•Ажурирај: 22 Август 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Арсен Венгер, кој 22 години го тренираше англискиот премиерлигаш Арсенал, на натпреварите имал свој личен телохранител, пренесува Anadolu Agency (AA).
Англиските медиуми јавуваат дека на 68-годишниот тренер од 2016 година, поради зголемена опасност од тероризам, му е доделен телохранител кој го следел на сите натпревари.
Се истакнува дека за Венгер еден од одлучувачките моменти за ангажман на телохранител бил и вербалниот напад на железничката станица во 2014 година, кога Арсенал беше поразен од Стоук Сити (3:2).
Искусниот тренер го напушти клубот минатата сезона.