Erkan Tiryaki
22 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот фудбалски клуб Фенербахче соопшти дека во своите редови го зел 35-годишниот аргентински фудбалер, Хозе Соса, чиј договор со Трабзонспор заврши, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Трансферот беше соопштен преку Јутјуб каналот на жолто-синиот клуб. Се наведува дека со аргентинскиот фудбалер е потпишан двегодишен договор.
Во сезоната 2014-2015 година Соса премина во редовите на Бешикташ, каде што играше две години. Со екипата на Бешикташ ја освои и шампионска титула. По успешниот настап во Бешикташ, во сезоната 2016-2017 година премина во редовите на италијанскиот клуб Милан.
По една година се пресели во екипата на Трабзонспор.
Аргентинскиот фудбалер во Трабзонспор играше три сезони, каде стана и капитен. Минатата година Соса одигра 42 натпревари, постигна 9 гола а имаше и 7 асистенции.
Искусниот играч со Трабзонспор го освои и Турскиот куп.