Abdulkadir Karakaya
18 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
АНКАРА
Давид Силва по завршувањето на договорот со Манчестер Сити, премина во редовите на шпанскиот фудбалски клуб Реал Сосиедад, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави новиот клуб на Силва се наведува дека 34-годишниот шпански фудбалер со Реал Сосиедад потпишал договор со важност до 30 јуни 2022 година.
Силва во редовите на Манчестер Сити премина од Валенсија во 2010 година. Во англискиот клуб тој настапи на 436 средби, постигнувајќи 77 погодоци. Со Сити Силва освои 4 титули во Премиер лигата, 2 титули во ФА куп и 5 титули во Карлинг Куп (Лига Куп на Англија).