Mutlu Demirtaştan
04 Февруари 2021•Ажурирај: 05 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ - Крег Тајли, директорот на тенискиот турнир „Австралија опен“, соопшти дека турнирот ќе се одржи во планираниот термин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Oткако се појавија тврдења дека кај еден вработен во хотелот е детектиран новиот тип коронавирус (Ковид-19), по што и тенисерите, тимовите и претставниците на организацијата се ставени во карантин, Тајли за австралиските медиуми изјави:
„Многу е мала веројатноста да настане проблем. Се надеваме дека сите ќе имаат негативен резултат од тестот. Планираме „Австралија опен“ да започне во закажаниот термин. Придржувајќи се до календарот, турнирот ќе го започнеме в понеделник.“
Играчите, тимовите и претставниците на организацијата кои пристигнаа во земјата во согласност со протоколите за Ковид-19, беа во 14-дневен карантин во нивните хотели пред турнирот, а по истекот на овој период, тенисерите можеа да учествуваат на подготвителните турнири. Подоцна, откако еден вработен во хотелот беше позитивен на тестот на Ковид-19, наложено е повеќе од 500 тенисери, тимови и претставници на организацијата кои престојувале во хотелот да останат во карантин до започнувањето на турнирот.