Admir Fazlagic
13 Јуни 2021•Ажурирај: 15 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Фудбалската репрезентација на Република Северна Македонија загуби со резултат 3:1 против репрезентацијата на Австрија во рамките на натпреварот од Група „Ц" од Европското првенство (ЕУРО 2020), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во 18 минута Австрија поведе со голот на Лаинер, a 10 минити подоцна, односно во 28 минута, капитенот на Северна Македонија, Горан Пандев ја искористи грешката на противникот и успеа да постигне гол со кој израмни на 1-1. Ова беше првиот гол на репрезентацијата на Северна Македонија на нејзиниот дебитантски натпревар на едно Европско првенство во фудбал, а за Пандев 38 погодок во репрезентативниот дрес.
Првото полувреме од натпреварот заврши нерешено.
Во второто полувреме Австрија го презеде водството со голот на Михаел Грегорич во 78 минута од натпреварот, а во 89 минута Грегорич успеа да постигне гол и да зголеми на 3:1 за Австрија, што беше и конечен резултат од овој натпревар.
Натпреварот Северна Македонија - Австрија се играше во Букурешт, главниот град на Романија.
Наредниот натпревар избраниците на селекторот Игор Ангеловски го играат в четврток, на 17 јуни против Украина.
Во Групата „Ц" освен Северна Македонија и Австрија, се и репрезентациите на Украина и Холандија.